Оти од небото до земјата, од едната страна на светот до другата, од шарката на измамата до нив - никаде ни здив од вистинско ветре, за што сведочеа спокојните тревки крај пругата, а сепак мислиш дека местото е зафатено од огромна ветрушка што смука сѐ низ тесното грло и којзнае каде го префрла!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Но јас и сега прашувам:
од каде, по сѐ, тој агон да се бара
секогаш правиот збор
од каде тоа тесно грло
тој застој во којшто ферментира
минатото, заедно со детството и младоста
и она кое следи потоа
сето фрагментарно, немонтирано
искуство, живот наречено?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)