До покрупни промени во оваа сфера дојде со носењето на новиот ЗРО (2005), а со неговите подоцнежни измени единствено, мали интервенции – и тоа главно од технички и терминолошки карактер, беа направени со првата (чл. 20-22, ЗИДЗРО/авг.08) и со четвртата новела (чл. 21, ЗИДЗРО/окт.09).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Но, до покрупни промени во оваа сфера дојде дури со носењето на новиот ЗРО (2005) – а со неговите подоцнежни измени единствено, мали интервенции и тоа главно од технички и терминолошки карактер, беа направени со првата (чл. 20-22, ЗИДЗРО/авг.08), со четвртата (чл. 21, ЗИДЗРО/окт.09) и со седмата новела (чл. 20, ЗИДЗРО/септ.10). а) Па така, од оваа заштитна работничка сфера, беа избришани неколку експлицитни одредби: – меѓу нив беше и онаа која предвидуваше дека, во остварувањето на поединечните права од работниот однос, работникот има право да бара заштита кај работодавецот, пред надлежниот суд, синдикатот, инспекциските органи и други органи – во согласност со закон (чл. 143, ЗРО/03 – ПТ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)