темен (прид.) - страна (имн.)

Јана повторно како да ја прочита темната страна на безборот и реши: половичната вистина ќе биде најдобро решение.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ми го предава пегаво девојче кое изгледа како ретко да ја гледа светлината на денот. Жал ми е за неа, но се чувствувам добро што нејзе ѝ ги давам парите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
19.43 Три ката погоре, зад затворени врати, почнува ритуалот со алуминиумската фолија. 19.45 Ја испразнувам малечката коверта на темната страна од фолијата и ја загревам претпазливо со кибрит.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Светската економска криза јасно ја покажува темната страна на неолибералистичката глобализација.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тогаш се гледа душата на месечината, каде што се кријат сите нејзини таинствени мистерии во темната страна на месечината.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Велат дека таму, во сепарињата на таа кафеана, се плетела и се расплетувала темната страна на нашиот живот, а тоа беше животот на многумина злосторници, кои наеднаш ќе осамнеа како убијци, како учесници во злостори, како уценувачи на видни граѓани кои на некои други видни граѓани не им се допаѓале.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Наоколу карти, божества, хороскопи слики, книги, мемоари пресметки, математики, хронометрии ти стануваш појдовна точка за сѐ да може да се сложи ти си ѓаволски склоп структура на структури Време, Литературо покажи ми ја темната страна вишокот, несводливоста хроничната невидливост нашата обострана завист.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Предзори насетуваш заборавот е несовршен хаос делумна ентропија: темна страна на човештвото.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
За разлика од тој свет во високите сфери, овде, долу, во обичниот живот, Поетот мораше да се бори како и секој друг поединец со горчливите проблеми на денот, со секидневните стапици од кои не се амнестирани и занесениците впрочем како и секој простосмртник. (Тој има срочено повеќе сентенци во кои настојува да ни ги објасни темните страни од овие приземни случувања.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Да се видат сите добра од случајот на една проба; со сенките е како кога“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Толку за темната страна. Добра вест е дека кибернетичките медиуми не можат да бидат контролирани.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Какви сенки, каков облак Прстот Висок овде собрал; сѐ го чува мојот зрак!“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Електронските сигнали што трепкаат во атмосферата не можат да се задржат со камени ѕидови или со погранични полициски кучиња.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И еве брзо така стана допатува на темна страна прст пред око мрак и штама го бараат еден пламен. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 131 “Вртисенко, давај знак”, паѓа сенчест еден крак.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)