темен (прид.) - свод (имн.)

Луѓето влегуваа и излегуваа од темните сводови на портите и лазеа во неверојатно множество по тесните сокачиња што се разгрануваа од двете страни - девојки во полн цут, со неумешно нацрвени усни и младичи кои ги задеваа девојките, и дебели расклатени жени кои покажуваа како ќе изгледаат девојките по десет години, и стари згрбавени суштества што се влечкаа на рамните стапала, и парталави босоноги деца кои си играа во баричките, а потоа, на лутите повици од мајките се разбегуваа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ноќ на еден чуден, ненадејно започнат, морбиден Сукот во кој ѕвездите на темниот свод изгледаат заканувачки, стемнети како да се нацицани од морето темнина околу нив и толку стежнати, што - ѝ се чини - го влечат сиот свод надолу, па тој само што не се струполил над овој свет. O, Hashano!
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога ги отвори очите, од темниот свод го престретна осамена Месечина.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Додека погледот ѝ тоне во темниот свод испрскан со соѕвездија, полека ѝ се смируваат дамарите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)