Перса, иако со радост во срцето, не се обиде да го растури темниот молк, само си прошепна во себе Така ќерко, така златна на мајка!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Попладнето, оти последен ден од неделата, а и потплашена од темниот молк во лицето на Пелагија, Перса ја наговори да подготват нешто убаво за утрешната света Недела, убав ручек, а и нешто благо оти не дај боже може некој ќе дојде да честита што имаат прваче оваа година!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
4. Ноќе да се чекори тихум муграта додека огрева отсекаде Сѐ од извор еден што потечува и утока една сал знае Во невиделото на темниот молк сѐ е кон сѐ затворено и сите страни на светот во една точка на копнежот се збрале на сонцето денот да му го понадат Шумата само чекорите на живинката ги познава и крилата вишно што се будат лазурот небесен го симињаат во пастелот на ведрата биднина Часот е тоа кога се живее и пее во мракот на успаните гори на високо Градите тишината ги полни со говор нов на утрото Гороцвеќе и божила му даруваат веќе на гласот со грстови што се истура во пристанот во чеканиот под гнездото на будната трепетлика
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)