РИМУВАНА КНИГА      пламен на збор рамен  страстен бесен небесен  занесен  знак дека пак  на тајна  трајна виделина  око ќе сонува спокој  мисла што се впива  жива  вивната а пак в миг  стивната  о таа тага  о таа драга  горе непрегор море  плен на налуничав ден  долу земна нескротлива  темна коска древна  засенети скаменети  зборој во груба убост  од створ цедат одговор:  каде е атот?  кој е патот?
               
             
           
            
            
              „Забранета книга“
               од Веле Смилевски 
              (2011)