Жена ти мирисаше на сапун и се плашеше од мене, од мојата износена облека и мојот темен глас.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Не приоѓајте му, Тој лежи скаменет на крстот што е направен нагоре: од јагленосаната молитва на селаните што се издига до небото и попреку: од трагите на ластовичката што прелетува преку нивниот темен глас.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Да броиш огништа ноќе, некои расфрлани сонца од соништата кога се распалуваат по покосените ливади, косите на косачите кога светкаат на месечина, кога почнува полноќна љубовна игра меѓу две песни: девојките низ некој темен глас кога ги довикуваат своите момчиња и тие кога им одветуваат...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Ми се доближи деверот, ми ја подаде картата со вино и со темен глас кој излегуваше од длабините на земјата, рече: - Наздрави Караѓоз, на младенците наздрави, посакај им среќа и бериќет.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Истрчав од дома, со страв, и со премален здив се тутнав во собата на мојот школски другар, познатиот Специјалист за чудни болести и му кажав дека на моето прашање: „ Што е тоа што веќе го нема“, некој друг Невидлив, со темен глас ми одговори „Тебе те нема.“
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Тогаш, пак го чув темниот глас на Невидливиот кој ги повторуваше моите стихови, само малку подизменети: Душата ти се оддели Телото ти е Темна пештера Без ехо Го чув тоа и конечно се уверив дека вистина веќе ме нема.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Претпазливо пиеја. Се задржуваа пред влажниот поглед на домаќинот, пред неговиот темен глас.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Старецот ја лееше својата мака. Неговиот темен глас тромаво пливаше по голата соба и оставаше зад себе празнина и недореченост.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
„Со кого одржуваше врски во градот?“ Темен глас и тежок удар.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Претседателот сега рече со темен глас: - Јас и не пукав во нив...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Затоа му се разговара и ѝ се обраќа на старицата со развлечен, темен глас: - Добра ти среќа, бабо! Од каде?
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Низ неговите ноздри избиваше врел темен глас и синкав чад на тутун.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)