Брзо се расонив од тешкиот сон, без униформа и бос излегов пред караулата.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
— Така како шо им зборуаше на трупарите на бичкиата, така и тука ќе зборуаш. Се разбраме, лели?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Набргу и тоа се помати и тој потона во тежок сон.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Со мака држејќи ги клепките над очи, како да се бори со тежок сон, Ване тивко изрецитира своја песна за девојка што во љубовен занес цела ноќ одела и плачела а од секоја нејзина солза на земјата останувал по еден бисер.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Насекаде, крај ѕидот, можеа да се видат предвреме пробудени деца, уште во матен, тежок сон, гурелави, посинети и во треска.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Но и после, и кога беше совладан од тешкиот сон, таа црвојадина продолжуваше да го глода и да ги населува неговите соништа, терајќи го и таму, и во соништата, да продолжува да се ежи и да се преметнува, да стенка и со некакво чудно завивање да им се одѕива на сите оние расплакани и закискани од ветерот лелеци на дивината надвор.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
— Таман јас ќе му кажа на виа наши поспанковци да се разбудат од тешкиот сон.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Чедо! Целата си во вода, сигурно те налегнал некој тежок сон.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)