Се потпираше врз О'Брајан, чудно успокоен од тешката рака врз неговите раменици.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Почувствував тешка рака врз рамо и се сврте не очекувајќи никого.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Тој остана темен, бикоглав, со тешки раце в џебови.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Девојките, оние што пред тоа се колнеа со машка горчливост дека на Кукулино ќе му ги свртат русите плетенки и ќе отидат далеку, во Германија и во Шведска, како слугинки или болничарки, ги поткренаа градите и се стегнаа: старите погодуваа дека тие ноќе ги сонуваат тешките раце на вдовецот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Глигор ги раздвижи своите тешки раце и, подигнувајќи го гласот за октава погоре, исто така почна да се смее.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Со тешки раце набабрени од крв.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Кузман ми ја спушти тешката рака на рамо и шепна: - А ти знаеш ли? - Не. Што? - Колат рисјанчиња.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Погледот ми е прикован за тешката рака на стариот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Тапан, а? Сакав да се оттргнам од тешката рака што ми висеше преку рамо и да побегнам. Не можев; нозете ми беа фатени.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Сите настанаа од своите места, а поп Јаков отиде пред младоженците и почна да ги благословува, ставајќи по една од своите тешки раце на нивните глави: – Да сте благословени, од мене и од Ристоса.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Оти, вистината е заграб. Вистината е скок. Таа удира со својата тешка рака.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)