Така, другари, за прв пат во историјата на овие предели, ќе проработат турбини, огромни турбини, со кои ќе се доближиме до тешката индустрија.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Во секој случај, тешката индустрија беше подиgната во главниот град на Македонија со гигантска железарница што вработуваше дури до дваесет илјади работници, а рудата се наоѓаше стотина и повеќе километри јужно.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Но по распадот на Југославија и поразот на нејзиниот самоуправен социјализам и воведувањето на новата пазарна економија, кутрата јужна Рерублика Македонија, макар независна држава, доживува тешки транзициски години, со изгубената тешка индустрија, несреќно и мафијашки приватизирана, со пропаднато земјоделство и сточарство, со армија невработени.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Истото се случи и со другите тешки индустрии...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Земјата брзо се осиромаши, школуваните умови, создадени своевремено паралелно со тешката индустрија емигрираа во САД, Канада, Австралија, дури и до Нов Зеланд...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)