тежок (прид.) - дрога (имн.)

Теоретичарот на правото, Џејмс Џекобс (James Jacobs), не греши кога вели дека расправата во врска со легализацијата во Соединетите Држави се води на погрешен начин; таа го скршнува вниманието од сѐ што би можело да се направи за да се намали злоупотребата на дрога и да се формулира разумна политика за решавање на тој проблем.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Дали бројните прилози околу легализацијата на тешки дроги што годинава се најдоа по многуте светски и домашни часописи, значат вовед во радикални промени во третирањето на човековите права и слободи, или нешто сосем друго?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
ДРОГА Umberto Boccioni - States of Mind Those Who Stay
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Клучниот проблем во врска со легализацијата (која се содржи во тоа што нејзините заговорници ги предвидуваат можните негативни последици, а ги преувеличуваат можните позитивни), претставува тоа што легализацијата на продажба на тешки дроги неминовно би довела до зголемување на потрошувачката, а што најскапо би го платиле најсиромашните и најзагрозените општествени слоеви.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Македонија може со ваков потез да реши огромен број од своите проблеми, како во сферата на индивидуалните слободи, космополитизацијата на масите, амортизирањето на пазарот од тешките дроги и криминалитетот, како и разните болести кои одат со нив (Сида, хепатитис, овердоуз, наркоманија) така и во сферите на економијата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)