тежок (прид.) - ден (имн.)

Едната "јас", којашто се надеваше дека и во новонастанатата ситуација ќе испаднеш победник, дека, како и првиот пат ќе се бориш, ќе бидеш јак, ќе издржиш…, па ти ми рече седум години, а не поминаа ни четири, а другата "јас" која си велеше самата на себеси: "Мора да бидеш јака, мораш да издржиш, те чекаат тешки денови, него ќе го нема…
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Сети се на топлите денови. Спарни тешки денови кога ги милуваме телата со малку зборови на испотените усни . . . или, се сеќаваш ли како ја креваше главата кон Северот, чекајќи го студениот бран.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Врвеа тешки денови. Мачни. Неиздржливи.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тешки деновите и ноќите уште помачни. Судбина ли ни беше?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тој бран останува човека за сите векови, се колнам. Во што беше таа негова моќ? многу непреспани ноќи, многу тешки денови ми донесоа само еден одговор, се колнам, тоа беше неговата човечка добрина.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Значи дека мотото: Книга и меч, коешто во овие тешки денови го повикува германскиот дух на сеќавање и размислување за своето внатрешно богатство; добива длабока морална смисла.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Жената беше смирена. Ова не беше прв пат во тие тешки денови, кога се бореше да го спаси патот на јагулите, да го гледа како зборува на сон.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„Да погодам“, реков. „Измет“. Таа воскликна. „Да! Да! Зарем тоа не е претерано?! Да јадат измет.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И погоди - кога ќе настапат тешки денови, кога земјата слабо раѓа а добитокот едвај стои - што мислиш дека јадат?“ Margina #32-33 [1996] | okno.mk 157
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Имав и јас нешто за неа, една болест за која ми зборуваше мојот пријател лекар.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)