тежок (прид.) - данок (имн.)

Според новите закони на христијаните им биле наложени нови тешки даноци, а едновремено започнало и ограбувањето на црковните имоти, притисок и убиства на архиепископите.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Бендоу разгледува неколку начини со помош на кои би можело да се стави крај на забраната за уживање дроги, исто како и користите и штетите од секој од тие пристапи, вклучувајки ја и заштедата на средства кои би можеле да се пренасочат во пропаганда против наркоманијата и за рехабилитација на наркоманите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Елиот Кари (Elliot Currie) одговара дека најголемото зло во врска со овој проблем произлегува главно од тешкиот данок што наркоманијата го наплаќа од зависниците, нивните семејства и пошироката заедница.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Според една легенда, во средниот век, Омејадите, престанувајќи да ги преобратуваат немуслиманите, го прифатиле системот dhihmi, кој ги штител христијаните и Евреите, коишто можеле да продолжат да ја практикуваат својата вера, но по цена на тежок данок.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа, сепак, беше златна доба на соживот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Високото свештенство на архиепископијата било од грчко потекло и го воведувало грчкиот јазик во епископските седишта, но и во градовите и училиштата, исто така и литургијата се вршела на грчки јазик, а и натписите на црквите се испишувале на грчки јазик.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)