Во торбите, покрај двете, погачи една две кокошки, еден мазник, потерата најде и две оки тутун, ока шеќер, ока ракија, та дури и ока локум.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сиот озеленет, Бојко му се овргали на Трајка и испушти една тешка воздишка, гледајќи го овој расипан христијанин како им служи на Турците за мизерни две лири месечно и зачкрта со забите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тешка воздишка се откинува од нејзините гради, сака да отвори очи и си мисли дека некој камен ставил врз нив.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тешка воздишка ѝ се истргна од градите. Уморено отпушти глава. - Какви деца сме, рече.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Нина ги слушаше тешките воздишки на татко ѝ што допираа од соседната соба.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Од темницата крај челниот ѕид некој се разврте, очигледно врз рогозина според шумовите што дојдоа, испушти една тешка воздишка а зад неа и зборовите Еве ни ја Македонијата наша!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
А ако некој од нас се разбудеше, тогаш можеше да слушне тешки воздишки, тивко липање, довикување на мајката. Време за тагување немавме.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Само за градите му се залепи тешка воздишка и никако не може да ја откине. Како сува кашлица.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Бавно се подигаат градите, се слуша тешка воздишка, а потоа со јазичето си ги навлажнува испуканите усни кои притоа се собираат во болен грч.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Плачеа во прво време, мислеа откако се наплакаа, и најпосле заработија. – Прво и прво да разбереме каде се најдува – со тешки воздишки зборуваше татко и пред другите тројца Анѓини заштитници.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)