театарски (прид.) - бифе (имн.)

„Некој актер, актерка или режисер може да биде сакан од театарската критика, па дури и од пошироката публика, но никогаш нема да стане ’голем’ ако не го прифатат театарските бифеа“ ќе напише Р. Шербеџија во неговата автобиогравска книга „До последен здив“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ја погребаа сестра и на Ана. – Која Ана? – Зарем не сум ти кажувала за неа? Се запознавме во театарското бифе.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Иако не можеме без нив. – Повторно со необична леснотија, патникот се истовари од таксито и свиркајќи некоја старинска мелодија („Само еднаш се љуби“!, му текна додека се враќаше во рикверц) се упати кон театарското бифе.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Не само во насловниот расказ во кој е можеби, највпечатливо и најзастрашувачки, доловена временската празнина, „црна дупка каде што времето умира“, како и губењето на временските координати на нараторот што, истовремено, значи и губење на неговиот идентитет,туку и во бројни други раскази („Футролата“, „Лекција“, „My private Europe“, „The seeker on the way of sound“, „Фото-финиш“ и др.) филозофските размисли за времето, експлицитно или имплицитно, кореспондираат со специфичниот светоглед на авторот, со неговата потрага по самоосознавање, од една страна, но и со неговата благородна потреба да се спротивстави на ентропијата на животот и неговата тривијалност, од друга страна.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Добро де, нека биде театарско бифе, - се помирив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Што? Си одат? Толку рано? - се чудиш, како навистина првпат да си во театар, односно во театарско бифе.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Бидејќи по природа комуникативен, натпросечно за својата средина, на Миха му беа малку контактите со домашните, со колегите, пациентите и студентите, па бараше соговорници во театарските бифиња, во Клубот на писателите и Клубот на новинарите, одбегнувајќи го сѐ повеќе Клубот на пратениците, но затоа пак не му беше зазорно да наврати во некое маалско кафуле.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Главно, кога ќе седнеш по премиерата во театарското бифе, за сѐ се зборува освен за делото.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Овој доктор Миха не излегуваше повеќе од својот кабинет - ни по театарските бифиња ни по писателските или новинарските клубови ни по маалските кафулиња, па дури престана кога доаѓаше на работа на едно место да си зема четврт бурек а во друга бурекџилница уште четвртинка со чашка јогурт.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)