тврд (прид.) - сон (имн.)

Штура има тврд сон а мене ми се спие!“
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Вслушувајќи се во таа бучава во којашто се тушираше сончевиот ден и во песната на славејчето, како да се најде повторно понесен од матицата на планинската река што синоќа го однесе во тврд сон, а утринава го повикува и тој да потече по своето корито на денот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ги прими пакетите и, колку и нетрпеливо да ги очекуваше, сепак отиде прво да прилегне, при што речиси веднаш зајде во тврд сон, но по нецели петнаесетина минути на сон му се чу како ѕвончето на влезната врата ѕвони со некоја несфатлива алармантност, па се разбуди целиот испотен, недоспан и до преплашеност изненаден дека ѕвонењето на ѕвончето на влезната врата било само сон.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Александар спие како кротко јагне, еден мирен сон, тврд сон.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Од каде ли го најде тој тврд сон, во очите на ваква страшна битка?
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)