твој (прид.) - сон (имн.)

- Боже, зар толку бев страшна во твоите соништа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Откажи се навреме. Мојата ноќ е подолга од твојот сон.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Благодариме!... и натаму ќе те пресретнуваат познатите зборови или ехото на истргнатото ...најважна е неизвесноста вели тато пази ја светлината на првата страница колку бавен ни се чини и долг почеток на нејзниот од но книгата веќе ја отворивме и ти патуваш сине излези од бањата не свлекувај ги тревожно измокрените гаќички туку појди по блесокот прескокни ја корицата- ограда остави ја оваа страна мене домот мртвите сестри и браќа онаму е поезијата ќорлестото маче со рахитични предни нозе ќе биде твојот водич токму тоа мачето кенгур ќе те изведе низ светот на прекршените огледала и зборот осамен што толку патетично ти звучи сега таму ќе биде највистинското задоволство ќе му припаѓа само на твојот сон ќе се гнезди само во твојот занес трагај... тигарот или полезноста на проекцијата на законите на џунглата врз собната атмосфера ...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
А твоите соништа се само измама. Сите соништа се бела измама.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Твоите сништа спокој шират, духот твој нѐ сплотува.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Миговно ја жегнува жеговна мисла: - Прости ми, мајчице мила, сум згрешила... сум се загледала во очите на момчето што вчера ми го препречило патот - ама мислата не ја изусти, ја премолча - за до крај да го дослуша сонот, па му рече: - И јас сум го сонила твојот сон.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Твојот сон може да го измери во должина и ширина само оној што не спие.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Тргнуваш во потрага по цветот за гранката на твојот сон. Утрото измислува портокали. На твојот суров континент плодови на морето.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Песната е затворено пространство во еден цвет на гранката од твојот сон.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
До крајот на летото, дури ако и не се расправавме околу жената, ја имавме стекнато навиката да се расправаме за сѐ друго. што е подобро: кучиња или мачиња, рок или Џез, Кубовите или Соксите, тако или ег-рол, лево или десно, ден или ноќ - можевме да се караме за било што.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се расправавме околу толкувањето на сонови, за тоа дали соновите се психички, симболични, претскажувачки, или тотални бесмислици, додека ти не рече, „Види, ти мисли си што сакаш за твоите сонови, но не мешај ми се во моите, договорено?“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се расправавме за удавената жена, за тоа дали нејзината смрт била самоубиство или убиство, дали нејзиното појавување таа ноќ било предзнак или коинциденција, а ти тврдеше дека предзнакот всушност и претставува коинциденија која нешто значи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)