Ако не беше така немаше да те почитувам ни тебе.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Еднаш ѝ реков: „Луција, јас ти пишувам песни; ти ја пишувам Песната над песните, а во таа песна се замеша еден грд хор, твојата партија“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„Не, не плачи Луцијо; овој свет за мене без тебе е безвреден, и затоа си одам, и ќе бидам нешто друго, оти и твојата партија од мене бараше да бидам нешто друго; но јас по божја волја ќе се видоизменам, а не по желба на човек; оти јас веќе некогаш порано сум бил и момче и девојка и грмушка и птица и лушпава риба што од морето скока...“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Што се однесува до твојата Партија дозволи да ти речам дека таа ги заборава дури и оние кои ја крепеа. Инаку, кога веќе сакаш да знаеш, јас ја почитувам.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)