Можам да останам заглавена нијанса во твоите ириси, темна сенка на емоција исчезната од спектарот.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
3. Над себе набедена спев сум
векот лета непознато те сонев
туѓина спечалив жив да те најдам
- оти твојот ирис на мене мирисал.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)