твој (прид.) - детство (имн.)

- Значи, одиш по патеката на желбите од твоето детство.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Млекарки со полни ведра кога се враќаат од молзење и разбој и на него мајка ти врз бесконечната ливада на веленцето што го ткае спроти Велигден да гледаш постапно како никнуваат на милиони цвеќиња, тревки, плодови и незаборавна, точно во тие години, во пределот на првиот допир, да почне една војна, постапно да го изумуваш својот татко, тој да исчезнува низ времето, да потече и крв од твојата нога за да сфатиш дека твоето детство стои допрено како божјак до војна и молчи...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
- Не – се насмеа мајка ми – беше иста ваква уличка, ама тогаш немаше асфалт, туку калдрма, камења наредени еден до друг.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Да не била оваа поток во твоето детство? – се распрашував.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)