- Си направив еден кавал - ликот твој го напишав - кој ќе свирам да те гледам - да те гледам - да те љубам - леле, моме, моја да си, - леле, моме, негалено - леле, моме, нељубено... извива кавалот милно, копнежливо - сега му е време, додека се готват тапанџијата и двајцата зурлаџии.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Вербата твоја го разубедува, покривајќи ги неговите преплашени сомнежи, давајќи му сигурност, како што сонето со својот сјај ги осветлува црните лисја.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)