творечки (прид.) - моќ (имн.)

Уште од самиот почеток, од насловот кој е извлечен од стихот на една песна на Хелдерлин, новинарката што го водела интервјуто, не наведува на ставот на филозофот кој за кризата вели дека е време на неизвесноста, но и најава за појава на нови сили кои би ја употребиле својата творечка моќ.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Творечките и регенеративните моќи навестени се со двојното р во Rrose. Cirlot нè потсетува дека „веларното р е ономатопејско, со алузија на громот како симбол на творечка моќ (поради тоа најголемиот број глаголи во речиси сите јазици ја содржат буквата р).“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во младоста, кога духот најмногу талка, воден од непредвидливиот текна илузиите, започна да ме обзема и преданието на кабалата, според кое хебрејските букви кријат во себе творечка моќ што човекот не може да ја открие поради изместениот распоред на пасажите на Тората.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се она што се јавува како последица на човековата мисла и творечка моќ има своја причина.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ова е добра поука, треба сомнежот и рационалноста секогаш да ги држиме будни затоа што можеме лесно да бидеме заведени од вербата дека токму ние сме појавата која со својата творечка моќ ќе му помогне на театарот да ги надмине кризните моменти.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тој го манифестира својот вкус и како способност за јавен интелектуален став со кој од еден социо-историски и културен контекст може да се проценува и оценува убавото и вредното во уметноста, нагласувајќи постојано дека „сомнежот и рационалноста секогаш треба да ги држиме будни зашто можеме лесно да бидеме заведени од вербата дека токму ние сме појавата која со својата творечка моќ може да му помогне на театарот да ги надмине кризните моменти“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А Rebis е уште едно име за Каменот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)