Јас сигурно ќе се бранам пред ,небескиот трибунал како што тоа го чинев и додека бев на рланетата Земја, пишувајќи на мајчиниот јазик и јазиците на другите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Со мајчин османскотурски јазик (со арапските и персиските примеси), со турскиот јазик според реформите на Мустафа Кемал Ататурк, од времето на студиите во Цариград (исчистен од арапските и персиските зборови), со албанскиот татков јазик, со германскиот, францускиот, италијанскиот и грчкиот јазик, учени, некои недоучени за време окупациите на Поградец, тој во турскиот сепак се чувствуваше најсигурен.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И сега, кога го прифати компромисот со Климент Камилски, да трагаат по опасните османотурцизми во балканските јазици, тој, а со него и неговиот умен пријател, насетува дека можеби се најдени во погрешна мисија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ќе се бранам со сите земни и отадеземни аргументи за да докажам дека можеби постои само еден јазик за сите на светот заедничкиот јазик на животот!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
И јас трагав по тој татков јазик на душата, на кој тој никогаш не пишуваше, туку најмногу страдаше, веруваше.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Ете тој дел од татковиот јазик на душата сакав да го откријам во мојата балканска сага.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)