Кога и самиот, понесен од необјасниви реминисценции на младешкиот идеализам во себе, во пролетта 1979 година со најдов во сталинистичка Албанија, на прославата на 100-годишнината од раѓањето на Сталин, само за неколку дена ја вкусив горчината на сталинизмот кој земјата ја беше претворил во сталинистичка оаза, опколена од илјадници бетонски бункери, со Атеистички музеј среде, како да имав докази на некогашната таткова теза за големата моќ на преживувањето на јаничаризмот!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)