В утрини, кога Мајка ја напушти татковата библиотека, таа беше сигурна дека подзела нешто значајно од татковиот сон...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Големиот источен татков сон остана засекогаш и во неговите книги.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ги поврзував врвиците на татковите соништа, низ неговите читања, минувајќи низ релјефот на пепелта, стиgнував до бреговите на Босфор, фиксирани во мојата книга.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Се чувствував во целата земја како во стапица, во земјата во која беа закопани сите таткови соништа за враќање.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Но во ова писмо би сакал да ви ја дополнам историјата од Татковите книги, за (не)остварените таткови соништа крај морскиот брег.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Ние го бевме наследиле татковиот сон со стариот чун, што еден ден нѐ донесе и не нѐ врати на другиот брег на Езерото. Кружеше во нашите соништа.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)