Во татковата свест, додека слушаше, јагулата ја водеше неговата мисла, понираше во неговата потсвест со цел да ги помири противречностите што му се наложуваа помеѓу внатрешниот и надворешниот свет.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Тогаш, во Татковата свест се роди идејата да избега што побргу, со семејството, небаре следејќи го патот на јагулите до Америка и назад, преку потомците.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мајка се сепна. Значи знамињата, знамињата се вееле во Татковата свест. Ништо не рече.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Додека чекоревме крај кристално чистата река која излегуваше од Езерото, како верно чедо кое го продолжуваше својот пат кон бескрајот, кон морето, во Татковата свест, среќен што Мајка му го спасила ракописот, се всади мислата што постојано ги опседнува емигрантите меѓу заминувањето и враќањето, меѓу заминувањето и останувањето во туѓина. ***
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Да, прекинот на патот на јагулите, слушајќи го Игора Лозински, во татковата свест ги добиваше димензиите на пораз на империја!
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)