татков (прид.) - илузија (имн.)

Додека беше Татко силен и здрав, таа беше поотпорна, посилна, во притаената среќа, и поспособна да ги поднесе последиците од Татковите илузии и вознеси отколку сега, кога го гледаше занемен, отсутен, во постојана борба, во длабочините на неговата внатрешна тишина во која сѐ потешко имаше пристап...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Овие и други книги заземаа во различни периоди централно место во Татковата библиотека, најчесто наложувајќи нов распоред на книгите во библиотеката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мајка со години беше сведок на татковите илузии, најмногу извлечени од неговите бројни книги и записи како оние за козите, за јаничарите, за јагулите, за старите клучеви...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Оддалечувањето од нашата родна Албанија, и малите, речиси непостојни изгледи некогаш да се вратиме во неа, мајката со врските клучеви да ги отвори бравите на нашиот заборавен дом, го оставаше отворен цариградскиот хоризонт, за да пристанат еден ден на босфорскиот брег остварените таткови илузии.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И мајка ми, која ја носеше врската клучеви на нашите напуштени куќи, од брегот на Јонското Море, по брегот на Охридското Езеро и на крајот крај брегот на реката Вардар, на свој начин ги споделуваше татковите илузии.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Мајка ми беше еден вид градинар на тишината во старата куќа крај бујната река која ги предизвикуваше татковите илузии за ново заминување.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Вие сте во право кога велите дека и јас ги наследив татковите илузии, неговите гени, не определувајќи се ниту за Запад, ниту за Исток, како да останав со сето семејство да го исполнувам мајкиниот завет. Којзнае каде е вистината.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тој ги продолжува татковите илузии, во соочувањето со новите налети на балканската историја во двете последни декади на XX век, кога пишувајќи трага по патот на враќањето од егзил, односно пристанува во дотогаш земјата без враќање Албанија, по падот на сталинизмот и енверизмот, односно последниот бастион на комунизмот на Балканот и во Европа, го остварува сонуваното враќање, како почесен граѓанин на родниот Подградец, на брегот на Охридското Езеро, во Албанија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таков беше сега и татковиот пат по јагулите, за кој Мајка во себе имаше разбирање и ги поднесуваше тежестите во остварувањето и на оваа таткова илузија.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И како што минуваше времето, шансите на семејството да се помести кон Америка ја зајакнуваа татковата илузија да го следи патот на јагулите кон нејзините брегови.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Откако повеќе не ја мачеа Татковите илузии на заминувањето, а враќањето во времето го беа исклучиле обајцата, зашто во родната земја настапија тешки времиња за обете нивни семејства.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но таа веруваше во Татковите илузии, како во реалност што ја беше прифатила еднаш засекогаш, како можна среќа во која повеќе се верува отколку што се живее.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)