IV Татковиот живот низ меандрите на балканскиот егзил и понатаму беше преполн со парадокси.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Пепелта, при неговите занесени читања, која како да патуваше од книга во книга означувајќи една од варијантите на потрагите по балканскиот лавиринт, за мене значеше линија на нова потрага во која се криеја тајните на Татковиот живот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Трагал до зори, до Мајкиното ритуално влегување во собата, небаре во проверка дали, меѓу Татковите книги, е сѐ уште тука Татковиот живот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
XXXVII Татковиот живот продолжи да тече без сиџилите. Му беа одземени токму кога беше пред откривањето на нивните главни пораки.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Малку беа спокојните години во Татковиот живот по балканската семејна одисеја, запрени засекогаш во нашата двокатна куќа со убав истурен чардак, градена според урнекот на градбите на османскиот цариградски стил, среде неколкуте такви куќи, задржани во овој град, познат во античките римски времиња како Скупи, а на крајот како Скопје, крај бујната река Вардар што се влева во блиското Средоземно Море.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Големиот парадокс во татковиот живот кој подоцна го следеше и неговото семејство, беше во тоа што секогаш кога помислуваше дека се здобил со нова дефинитивна татковина, неа како во правило ја губеше, обземен од митот на враќањето.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Првите денови од мојата мисија во Франција, во Quai dОrѕау, во таа тврдина на милениумската француска дипломатија, како да се најдов во потрага по излез од лавиринт, метафора толку честа во мојата семејна судбина, наследена од татковиот живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Во тие години ја немав денешната свест за потрагата по татковиот живот, за татковото тајно цариградско време за кое никогаш не ни зборуваше, од страв да не станеме робови на изговорените зборови, па којзнае каде да завршиме.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Таа постојано стравуваше јагулите да не се заплеткаат премногу во татковиот живот и на семејството. Тоа не би било добро!
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Како и судбината на Татковиот живот да беше постојана граница која му ја оставаше во наследство и на самото семејство, а Мајка бараше постојано излез од неа.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
XXXV Настапуваа нови времиња. Татковиот живот ја губеше некогашната моќ.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)