Неговата поднаведната сенка се влечка по ѕидот и запира пред него. Татковиот глас е смекнат. Тој го затворил порано дуќанот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Остануваше таа во ноќите сама, ја потпевнуваше старата таткова полифона песна, во исчекување на вториот, татковиот глас, гласовите на своите синови...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Татковиот глас се смируваше. Но растеше нервозата на Алал Комби.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Го слушна Татковиот глас. Помисли дека тој не е сам и дека зборува со некој од членовите на комисијата.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Како што мајка ми беше чувар на соништата на нашите детства, постојано обземена од опсесивната запрашаност, како што добро забележувате во вашето писмо, дали ќе има војна, така и мојот татко трагаше по стратегијата на орстанокот на семејството, жртвувајќи го својот сон крај своите книги.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Мојата Мајка, небаре со преземениот татков глас, ми ги даваше последните совети со нејзиниот мајчин јазик на тишината: Варди се сине, насекаде демнат опасности!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И кога ми се причинува дека го слушам татковиот глас забележувам човек со униформа и пушка како ми се доближува. Во паника се будам...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Рапавината на татковиот глас бргу потонува некаде како фрлен предмет во непозната длабочина.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)