танок (прид.) - нос (имн.)

Лимарот збунето кашлаше и го бришеше со два прста танкиот нос - се плашеше да не го откорне од лице.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ми се доближи и застана пред мене како да ќе се потпише на моето чело со танкиот нос.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Почнаа да ми се враќаат сите негови црти на лицето: густите веѓи, танкиот нос, кусата вилица, сините очи, неизнудениот патец на главата, широките мустаќи што му паѓаа преку устата...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)