танок (прид.) - веѓа (имн.)

Спротивно од големината на главата, на нејзе сѐ е мало: косата го прерипува челото и почнува скоро од танките веѓи, очите се опасно ситени и пропаднати, носот е незабележлив, низ танките усни со мака би се провлекол поголем залак.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ги намршти своите долги и танки веѓи, кои повеќе личеа на пијавици, намршти чело, долго се силеше да си спомни кој сум.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)