Етерот беше наднесен над душата
како таинствена природа
префинет честар честички
па морав да стивнам
да замрам, да ме снема
под невидливата лушпа на Јајцето
секоја точка кајшто е
подеднакво оддалечена од Центарот,14а Центарот Строен
белузлаво сјаен
и во себе си реков:
славена биди Поемо,
творбо величествена,
и стварна, и знаковна
и грешна, и идеална
и предметна, и духовна
и човечка, и животинска...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)