тажен (прид.) - и (сврз.)

Е... уф... - тивка, длабока, сподавена тажна и болна воздивка...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Само куќата на Бојана остануваше секогаш тажна и мрачна, оти, откако замина Крстан, таа виде само еднаш радосен зрак, но и тој зрак брзо згасна, затоа тагата сега беше уште поголема.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Соседните куќи изгледаа тажни и уморни под дебелиот снег што ги притискаше.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ме носи под земји, ме крева Над облаци, ме гори од мрак- До зори, со сласт и пороци Таа река која гори, гори Да ме согори, да ме измами Со жарот, од боговите дарот, Кога сме тажни и осамени Сами од себе заборавени?
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
На наслутениот тажен и полумрачен перон локомотивата умре со продорен крик.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Одговорот посрамено го замолча мајсторот, и потоа бевме молчеливи и тажни и двајцата: тој - што психологот не им помага на луѓето, јас - поради силината на неговата беспомошност.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Едно утро тргнувајќи на работа, ја отворив влезната врата на мојот стан и пред вратата имаше што да видам: на чергичето пред вратата лежеа моите стари чевли, сосема искинати, тажни и жаловни.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И луѓето тие денови забораваат на гробиштата, истрчуваат пред селото и го пречекуваат Лоте со музика, со свирки, шиштат свирачите околу него со свирките што им ги купи за да свират весели песни, а не тажни и погребни; им лепи Лоте на челото пари, шетаат шишињата со пијалок од уста на уста, ги шири Лоте рацете како птица кога лета, одѕвиваат песните, до небо се креваат; излегуваат луѓето по прозорците и балконите, го поздравуваат Лотета, му мавтаат со раце, истрчуваат и му се придружуваат, се множи распеаната врволица и селото добива весел и празничен изглед.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Не го заборавивме местото, го паметиме и не ја заборавивме ноќта која беше исполнета со нашите тивки, глуви, тажни и жалосни воздишки што нездржливо се откинуваа од нашите гради....
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Погледот му е тажен и понизен како на вистински просјак.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Прашувате за сенката на старицата што ја заварив седната под дрвото? Беше тажна и потресена поради отсутноста на господарката.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Изненадени пред влезот на Стоби: Порта Хераклеа Западни гробишта подземните животни вознемирени птиците бегаат злокобна фуга Градскиот саат објавува идна реставрација конзервација културно богатство сувенири Прашање: Зошто статуите се тажни и ранети а улиците и базиликите празни и пусти како мене?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Димче седеше крај прозорецот тажен и замислен.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
II Ќе дојде тоа сончево клопче пролетта како што иде да свие сончесто гнездо во лисјето на нашите грижи а ние двајцата ќе сме два кротки два питоми рида во тој пејсаж од смев наполно наполно зближени Понекогаш ќе си тажна и уморно надвесена над таа лулка од страв зората додека заруди Ќе зрачи тиха светлина твојата приспивна песна барајќи крепка починка во моите очи будни Таа грижа по ноќите ќе ме грее и дење па колку беден ќе сакам мајко да ти речам оти може понекогаш помалку ќе си жена заради тој поток од сон што меѓу нас ќе тече.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Јас сум тажен и јас сум стар.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)