И кога таа, сосем скапната, безнадежно ги склопи крилјата, простувајќи се со животот, тажна дека не ќе може да го види своето родно гнездо и да ја сети пролетната радост на децата, одеднаш забележа на темната плоча од морето некаква светла точка.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Нема да можеш да општиш со младата по дома, туку само во кола на некој запуштен паркинг зашто секогаш едно ќе биде со температура, па ќе биде дома, или сите ќе бидат здрави, ама барем две ќе бидат тажни дека им фали оној другиот родител што не е дел од ова, закрпеново семејство.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)