- Мачно е да си тажен во еден олку убав ден, рече Роден Мегленоски, и ваков ден не е за погреби. 10
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Да бидеш тажен на светол летен ден, во градина што изобилува со живот, е потажно отколку да бидеш тажен во ноемвриски ден кој нема ни овошје ни цвеќиња со ниско спуштено небо и со врани што гракаат на безлисните врвови на дрвјата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ороспиите сметаат дека пеењето е момент на човекова слабост дека треба да си ги контролираш чувствата и дека тие не се предодредени да сочувствуваат со тажните во светот.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)