сјаен (прид.) - хартија (имн.)

Во обид да им удоволат на сите, да му удоволат на едно национално читателство составено од имашливи поединци кои можеа да си ги дозволат производите што се рекламираа на нивните страници (со што се покриваа трошоците за плати, печатење и дистрибуција), овие изданија стануваа сѐ понеконтроверзни, сѐ покомерцијални и сѐ полесни, за да се претворат најпосле во геј-еквиваленти на списанијана што ги даваат во авион.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Слично така, геј-весниците и геј-книжарниците ги обнародуваа новите дела од областа на геј-историјата и квир-теоријата, толкувајќи ѝ ги на заедницата нивните дострели на јазик што заинтересираните читатели можеа да го разберат. ‌Разбивањето на геј-населенијата и разнебитувањето на геј-маалата значеше исчезнување на материјалната и на стопанската основа на геј-печатот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-печатот овозможуваше и жариште за културното живеење, за промоција на нови претстави, мјузикли, изложби и изведби наменети за малобројни геј-публики.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Локалните геј-весници сега се заменија со национални, висококапитализирани списанија на сјајна хартија наменети за пазарна ниша определена од делокализираниот геј-идентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А поттикнуваа и мобилизација на геј-луѓето околу разни прашања што ги засегаа во нивните средини.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)