И по долг пат би можел да кажам дека глаголот во песната е проколнато нешто, тоа се брутовите кои го држат распнато телото на песната врз крстот на времето.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Ad patres, ad patres Има еден коњ, скока од рид на рид и од век во век, ноќем вишти под ѕвездите на Азија, утринум гребе, раскопува, ги буди оние на чии бедра вземи сè уште болскотат нивните сјајни мечови и го раздиплува големото македонско писмо - како единствена насока на Европа кон Исток.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Каде ѝ да се заораше бразда – од земјата никнува воини, со сјајни мечови и копје.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)