Тие добро го познаваа балканскиот менталитет во кој беше всаден синдромот на самоуништувањето, на проклетството, кога му е арно на човекот и на народот со козите, да му умре козата на соседот без длабоки, суштински причини.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Беа времиња кога луѓето отстапуваа од прекумерната употреба на шеќерот, како што беше во турските слатки во обилен шербет, како што се служеше уште од почетоците на Османската Империја, па опасноста не беше од семантичка, колку од суштинска причина.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко предложи конечно заемките за шербет-слатките (како баклавата, раванијата, кадаифот и другите), да си останат, сѐ додека луѓето се насладувале од нив.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)