Всушност, геј-движењето (како што тврди Дејвид Алдерсон) можеби е единственото прогресивно општествено движење од 1960-тите кое надмогнало, кое си го консолидирало успехот и кое остварило некои од своите најнеизгледни цели (како што е геј-бракот) – и покрај подемот и, најпосле, победата на Новата десница во изминативе триесет и пет години.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Па сепак, геј-ослободувањето и од понеодамна, движењето за геј-правата не ја поништиле општествената и идеолошката доминантност на хетеросексуалноста, иако хегемонијата ѝ ја направија малку понесигурна и не толку целосна.
Наместо тоа, изгледа дека се случува спротивното.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј-луѓето, онака решени да се интегрираат во поширокото општество и да си ја покажат суштинската нормалност, брзаат да ги прифатат хетеросексуалните облици на живеење, вклучително и хетеросексуалните норми.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не само што меѓу нас излегле од мода геј-верзиите на радикалната политика, на радикалниот секс и на радикалните животни стилови, туку геј-луѓето изгледа одново ја откриваат и ја промовираат супериорноста на хетеросексуалните општествени облици, вклучително и фрапантно архаичните форми (како венчалните огласи во друштвените рубрики на локалните весници) кои ги напуштаат дури и самите хетеросексуалци.455 Се трудиме да ги победиме хетеросексуалците на нивни терен.
Повеќе нормалност, изгледа, веќе не ги задоволува асимилациски настроените геј-луѓе.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Архаична е, застарена.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј-културата нема иднина.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Овие предвидувања, верувам, превидуваат една пресудна размисла.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Општествената прифатеност, декриминализацијата на геј-сексот, легализацијата на хомосексуалните општествени и сексуални институции, тргањето на пречките за истополовиот брак, за воената служба, за свештенството и психоанализата, заедно со други дотогаш забранети професии, не треба да се побрка со крајот на сексуалната нормативност, а камоли со падот на хетеросексуалната доминантност.
Сигурно, има такви што сметаат дека општествена рамноправност премолчено имплицира афирмација на суштинската нормалност на лезбигеј-луѓето.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И се разбира дека ослободувањето на геј-луѓето од општественото угнетување, како и растурањето на некогаш универзалниот консензус за темелната патологија на хомосексуалноста, кои служеа да го оправдаат тоа угнетување, претставуваат апсолутно значајни многу обемни и неверојатно брзи промени, за чие значење не може да се претера.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)