Отстранување од работа Кај отстранувањето од работа од кај работодавачот до донесување на одлука за отказ на договорот за вработување дојде до суштинско намалување на висината на платата која рабтоникот треба да ја прима за периодот додека е отстранет од работното место и таа сега изнесува 50% од платата која работникот ја примил претходниот месец (чл. 1 од ЗИЗРО/ апр.10), во споредба со претходното законско решение кое нормираше дека работникот има право на цела плата додека е отстранет од работа. 3.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
8 Во периодот од независноста до 2010 година дојде со суштинско намалување на работничките права, и тоа: беше воведен отказ без отказен рок; значително се отежна остварувањето на правото на штрајк; временскиот период за работа на определено време беше продолжен од една на пет години; се намали законски утврдениот годишен одмор; драстично се намали висината на еднократниот надомест при добивање испратнина, а продолжи со невоедначената казнена политика во однос на ригирозноста на казните.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)