суштински (прид.) - значење (имн.)

Одредено знаење за тоа што е постигнато во областа на пишувањето, ми се чини, е од суштинско значење - онака како што лекарот или адвокатот мораат да бидат упатени во литературата од својата област.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Календарот е од суштинско значење за проучување на хронологијата која го смета времето според регуларни поделби или периоди и ги употребува за датирање на настаните.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Иако Јел очигледно попуштиле и се сложиле да ја позајмат “T um’”, сепак не дале да се изложи нивната оптичка моторизирана конструкција “Ротирачка стаклена чинија “(1920) на ризиците на okno.mk | Margina #4-5 [1994] 109 транспортот, па така, наместо неа позајмена е една реконструкција направена по смртта на Дишан, а сега во сопственост на Музејот на современата уметност на Лос Анѓелес.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Се разбира, од суштинско значење беше да се обезбеди соработка со Филаделфискиот музеј на уметноста, кој ја позајми, покрај многуте други и прославената „Стриптизета која слегува по скали“ (1912).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ова може да се постигне со тоа што на индивидуите им се назначува степенот до кој учеството на терапевтот во терапијата е зависно од фидбекот (повратната врска) на клиентот во врска со неговите искуства за терапијата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Потврдено е дека искуствата на клиентите за терапијата имаат суштинско значење за нејзино водење, и дека тоа е единствениот начин на кој терапевтот може да знае кој вид на тераписка интеракција може да помогне а кој не.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Огледалото зазема значајно место во опусот на Duchamp.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Има суштинско значење во Големото Стакло и како структурален дел (Окулистичките сведоци) и како теориски елемент (Областа на Невестата е “рефлекс во огледало” на областа на Ергенот).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Со измените од август 2013 година се воведоа само мали техничко-терминолошки промени кои немаа суштинско значење за статусот на овие работници.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Значи, врз основа на пресметката според датумот на раѓањето на спомнатиот Иван, средбата на Таша со идниот татко на копилето можела да се случи при крајот на ноември или почетокот на декември 43та година, а овој период се совпаѓа и со престојот на нашите борци во куќата под Сина Скала.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мислам дека беше спомната последната недела на август 44 та. Мислам 26 или 27 август.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А за да го узнае таткото од суштинско значење бил, според мислењето на момчето, и оној податок што може да придонесе во разјаснување на татковството: датумот на раѓањето на момчето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој беше од суштинско значење за да ја напишам вистинската депеша!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)