сув (прид.) - слама (имн.)

Во очај, по безуспешното лекување на оџите и бајачките, кришум, по првиот мрак, бил повикан еднаш и попот Вртипоп, поточно бил извлечен пијан од туѓа плевна од двајца слуги на бегот кои сепак можеле да видат во сувата слама две недоволно сокриени женски нозе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Пламенот беснееше грабејќи лакомо од сувата слама.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Лежеше на сува слама, покриен со старо, искрпено гунче.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Десет илјади, му рекоа, а тој само што не прсна, какви десет илјади за оваа сува слама во измитарена кожа, кога тоа чудо нема ни заби, немаш заби ни ти, му рекоа браќата, понесени од љубовта на Отец Симеон за белата душа и рекоа уште нешто, заради што пенушката помодре и им ги покажа забите, па тие веднаш се снајдоа и го одвлекоа коњчето, сеедно, не е само тој купувач на овој вангелосан свет.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Посетете ја лавовската трпеза во зоолошката градина. Ќе видите бесплатна претстава и уште во џебот ќе ви шушне малку сува слама, паричка со слика на рудар - ударник.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Како и секогаш нафрла храна во јаслите, го срина малку ѓубрето кај говедата, им посла сува слама, па чекајќи така добитокот да му се порадува на убавото зимско сонце, да се надише свежина гризеше јаболко и пребаруваше низ мутвите на кошарата, низ сеното и сламата во плевната, низ сомнителните места во ѕидовите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)