И кога од боиштата добивале писменца со лоши вести, тогаш престанувале да се плашат од рицинусот, од камшикот, од сувиот остров на Егејот; пуштале писоци и лелеци на свој јазик зашто само така најдлабоко, најболно, најпотресно, за олеснување на болката и за долг спомен на покојниот, ја искажувале својата болка.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Потоа? Потоа чекаа писма од Америка, од боиштата, од затворите, од камените и суви острови на Егејот... и го проколнуваа векот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Треба да одиш на Макронисос (а некои кои на тој остров стигнаа и од други суви острови на Егејот, велеа дека не е само Макронисос проколнатиот пекол) та да разбереш, најпосле, дека некои од луѓето се само човеколики и имаат само инстинкти.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И секоја година најмалку по еден месец ме пржеше грчкото сонце на некој од грчките суви острови.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ама Крстовица не се осмели да го праша човекот кој и го читал писмото што носело царски знак - зошто триесет и шестата него, сега јyнакот од Иван Планина, заради едно „добро утро“ изречено на македонски, шест месеци прележа на еден од камените и суви острови во Егејско Море?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Људје, не слушајте го Крсто... нему таму о топлите и суви острови изгледа или многу му се стопли умо или сосема му се исуши, та затоа така кутрио си зборува.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ме нарекоа автономист и - на сув остров.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Јас од Грците во нивните затвори и суви острови повеќе ќотек сум добил отколку леб и вода.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)