сув (прид.) - дрво (имн.)

— „Ајде море да преврла, белки ќе најда некое суво дрво да занеса за вурната!“ — и го потера магарето нагоре. На самиот Трибор ја сретна потерата од десет петнаесет аскери со Сулиман чауш, задишани, разградени, распењавени: слегуваа долу Шопковото бачило.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Стариот остана сам во визбата, на истото место, како нозете да му пропаднаа в земи, суво дрво што го дрма ветер.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Половина час возење со подземната железница; од станицата сврти лево; два километра по патот; порта на која ѝ недостасува горната попречна греда; патека низ полето; патче обраснато со трева; патека меѓу џбунови; кутнато суво дрво обраснато во мов.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А тогаш... ... Нивниот заеднички пат ги одвлече в село да видат неуредени куќи со црни стреи;запуштени и накривени ѕидишта; недоверливи ситнооки прозорци, - врз нив гнили штици, матни стакла, поцрнети стари календари; потоа: нечисти и нерамни сокаци низ кои се влечеа звуци и мириси, предчувствувани претстави за недогорени суви дрвја, кочини, мали деца, катран; расфрлани мртви предмети, ненужни и запуштени - накривени коли, одамна почнати, недоплетени огради, корита, алат; куп сонливи куќиња, кокошки, деца.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Исто така ја прифаќаат песната и Софре, Ката и Ана.) Ој, девојче црно око, Ме изгоре, ме прегоре, Ме направи суво дрво, Суво дрво јаворово!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Во тремот од колибата и под стреата имаше доволно суви дрва, за да се помине со нив и цел месец, но Бојан сакаше да пренесе колку што може повеќе, сакајќи со тоа да му помогне на деда си.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ги надена Бојан тие клиси на раженот, стави од другата страна на жарта едно суво дрво, и на него го потпре раженот со сланината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но, на огнето не му беше потребно многу време за да ги пушти своите корења во сувото дрво и да почне да му се спротивставува, обидувајќи се да му се отскубне од рацете.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ете го овчар кај иде Пред себе тера магаре, Пред себе тера магаре Т’ варено со суви дрва.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
„Еве ти, Милке, суви дрва Тури — потпечи направи, Тури — потпечи налрави И мене си ме покани“.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Сувите дрва, штиците и черчевињата се запалија и веќе пламенот изби и до самиот врв; потоа се распламте до небо.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Па и нивната работна облека не се разликуваше многу од затвореничката, така што за надворешниот посетител тие беа истите оние казненици што кршеа камен и ѕидаа темели за недостапни градби, само што сега не им ја надгледуваше работата нивни колега архитект туку нивни професор по керамика, а од работните места до бараките со спалните не ги придружуваа вооружени стражари со дресирани кучиња туку жедни жегалци по суви дрвја и дремовни гуштери под усвитени камења.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Земи ме, викам, да не се вејам како суво дрво, како вејавица.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога ќе ги затвореше очите и ќе застанеше мирно, без никакво движење, вкочанет, можеше да си замисли дека стои сред некаква низина, а зимата е без ветер, без ниту една куќа, со стотици километри наоколу и дека придружници му се само празните речни корита и соголените, суви дрвја.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)