субјективен (прид.) - дејствен (имн.)

Тоа е извориштен, обликувачки процес, кој уште од самиот почеток е сосема општествен. ‌Извесна родова ориентација што не е во согласност со хетеронормативната мажественост, затоа, мора да се вградила во машкиот геј-сексуален субјективитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Токму во нејзината сенка, под нејзино покровителство и преку идентификација со неа, настраното момче кое ѝ е, ете, син добива поттик/забрана да се воздигне до сопствената општествена и субјективна дејственост – односно, да изведува – и со тоа му се овозможува да си го обезбеди, неизвесно и малку веројатно, сопствениот идентитет, сопственото несигурно и провизорно место во еден ненаклонет општествен свет. ‌Во контекстот на Циганка, Милер може да тврди дека мајчиното отфрлање на ќерка си и мајчиниот обид да ја преосвои сцената за себе на крајот од мјузиклот предизвикуваат особено обессилувачки и разорен шок кога се гледаат од гледиште на момчето чиј сопствен пристап до изведбата првобитно го дозволил ликот на мајка му – мајка која своевремено го навела да верува дека, преку неа, и тој ќе може да си има место.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Основните хетеронормативни координати на родот и на сексуалноста ги исцртуваат конститутивните услови во кои секој субјект на хетеронормативната култура се издигнува до субјективна дејственост и разбирливост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Исто како што нејзините поттици биле таму со првите зборови и со првите чекори на синот, така и нејзината благост дава трајна дозвола за неговата изведба – која тој истовремено ја изведува за неа, со неа и како неа (86).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Асоцијацијата е инстинктивна и интуитивна, а не обмислена.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа е лик на мјузиклот (86) и лицето во чие име се разработува жанрот мјузикл (83).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ова не е некаков логичен, обмислен, свесен процес – небаре на некој првобитно мажествен маж одеднаш ќе му дотече наплив од проникливост, па ќе си рече: „Леле, навистина ми се допаѓаат момци, па тоа мора да значи дека сум како жена – чекај, изгледа треба да почнам да се идентификувам со девојкине“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)