Она што не може да се искаже, кое искусните и напатените луѓе го чуваат во себе како скриено добро и кое, само понекогаш, несвесно им се одразува во погледот, движењето и зборот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Расеан низ логорите на северот каде што не се пробива ни здив од медитеранските ветрови по кои сега копнее и тој. Во оваа студена пролет на надежната 1945 која го полага својот априлски вел презаситен со мириси на билки и брмчење на инсекти, онаму, надвор од тријажната станица во која на валкани чаршафи, пред очекуваното ослободување на логорот Берген Белзен - лежи Цви Корец.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Патува со семејството и други логораши во германскиот белзенски транспорт некаде кон Дрезден или понапред кон никаде.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Борбата траеше цела зима и пролет. (Беше некоја лоша и студена пролет која никако не му дозволуваше на летото да се пробие).
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)