Бегаа од дома и се капеа во студеното море до доцна во октомври, а во топлите летни вечери пееја закинтски кантати во компаниите што шетаа по градките улици и се упатуваа на молот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Како зрели луѓе, Елеазар Корео и Лука Карер си правеа чест посетувајќи се било на православните верските славја, било на петочната вечера на штотуку започнатиот Шабат на домашната трпеза во проширеното семејство Корео каде што чест гостин беше Лука Карер...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Јагулата, сирена на студените мориња што го напушта Балтикот за да им се придружи на нашите мориња, на нашите утоки, на реките низ кои се движи, узводно, в длабини, и пресрет на дивини, од ракав до ракав речен, сѐ поневидлива постојано сѐ подлабоко, сѐ повеќе во срцето на каменот, провлекувајќи се низ бразди од тиње до денот кога светлината ќе блесне од костените и ќе ја запали молњата во барите на мртвите води по удолните длабини на апенинските стрмнини кон Ромања; јагулата, факел, бич, стрела на Амор кон земјата кајшто сал нашите бразди и суводолици на Пиринеите водат до рајот на оплодувањето; зелена душа што бара живот таму каде што е сал апеж од жега и тага искра што вели сѐ почнува кога изгрева стебло исушено и јагленосано; божилак миговен, двоглед внесен меѓу твоите клепки и блескаш неизвалкана меѓу синовите на човекот, потонати во твојата кал: зар можеш ли ти да не ја сметаш за сестра?
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)