Анѓеле остана, а Трајче ги потера коњите... Крај патот имаше бистри и студени извори.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Се направи навистина самовилско оро, само не во планината кај студеното изворче, ами во салонот на прилепскиот кадија крај еден старец од педесет-шеесет години.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
1 Слегнуваш од планината Во секој бел камен студен извор.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
На утро ли, кога славеј, малка птица, В шипец, в гл'бока зора Пеит и светит на небето зорница И трева обливат роса; И тихијт ветер малдите листја нишат Слабо, а Вардар си шуми; Јагнета руди сја разбудват и дишат С прохлада, а млади моми, Сон ги оставил, р'кави засучили И сос две стомни во р'це Брзат кон студен извор безгрешни, мили, Си омиват бело лице.
„Пeсни“
од Рајко Жинзифов
(1863)
На цвеќиња, на јаготки, на косено сено, на далечни чукари, на сенчести кории, на студени извори, на ѕвонливи стада...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)