Играта во која влегувавме, голи и топли, беше единствениот начин да го скријам чувството на сожалување кон Ема која таа тмурна ноќ во која паѓаше студен дожд (впиени еден во друг слушавме како се исцедува и во рамномерен интервал тропа вода во олукот, а потоа се распрснуваа на плочникот, како кога марта упорно настојува да ја продолжи до некаков бескрај досадната морничава зима), беше нестварна и лесно предадена на мракот, во обид (не рационален, во тоа бев убеден) да и се открадне на стварноста и да заживее нов живот, во некој негов сѐ уште неоткриен дел.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Надвор се појавуваа првите жолти лисја кои пелистерецот ги лепеше на прозорците од куќите со помош на првите студени дождови.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Зорите ведри, росни, студени во кои како бел килим маглата е послана по длабоките котлини, а облаците – црните носат долготрајни студени дождови, што доаѓаат нагло со многу силни и долги грмотевици и нивниот одглас долго се пренесува низ долгите и длабоки трапишта, процепи и клисури.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Паѓаа студени дождови, пластови снег, сега сета природа ја запустуваше неочекуваниот мраз.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Човекот пак како ништо да не се тие страшни, студени дождови.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Таа е затурена одамна, или е замината, како и мртвиот пријател, во окото на птицата што упорно колве по нашите спомени. Или надежта проврнала како студениот дожд.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
„Ајде“, прошепоти девојчето. Полека трнаа низ ходникот; ги следеше шумолењето на студениот дожд.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Постојано, грмотевични облаци се собираат и се мрестат, а нивните икри се студениот дожд.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Во таквите попладниња, тројцата одат до Реката Снејк.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Понекогаш облаците се повлечени, опкружувајќи ја рамнината како прстен, но во мирување.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)