студен (прид.) - ден (имн.)

Тоа е огништето каде што се вали оган, пече леб, погачи, булиња, се вари манџа, топли вода и каде што во зимните студени дни се греат домашните на пламенот и жарот од сувите дабови и букови дрва.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Имено, тука, на Зедница, зиме, кога ќе приклештеа и ќе се одолжеа студените денови, обично во време планина, кога сонцето, низ некој процеп на облици, ќе смогнеше сили да испрати на земјата забести зраци, жителите на Потковицата во специјални корита, издлабени во стеблата од дабови дрва и поткренати на ногари, ја крмеа и ја поеја стоката.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Домаќинствата си имаа свои со ништо необележани но откако помнеа неотуѓиви кримилишта, кои, пак, во лето, во време на богоројчини пости, имаа друга намена.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И таа самата не знаеше како изгледа зимата. Секоја година штом ќе се заредеа студени денови, сите ластовички од овој крај тргнуваа на далечен пат.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Сите украси што ги прават жените привлечни, сакани - нужно долго сокривани - наеднаш се покажуваат, затреперуваат, разгируваат слободно, копнежно.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И уште не ти исчезнале од душата печатите на непријатните студени дни, а веќе по улиците и булеварите божилак од женски облеки разградени, тенки, проѕирни, шушливи - милина!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во студените денови, кога морав да останам по бифеата, читав аутсајдерски книжулиња.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Можеби наместо на грбот, барем во овие студени денови, тешката хартија ќе ја вози на санката, а понекогаш и самото ќе се повозува на неа.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Но и без да погледнам знам дека куп подвижни кумулуси го составуваат од бели облаци ликот на големиот Сталин, од студените дни Јосиф Висарович Џугашвили. Тој, ти кажувам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Брзање, немир, немоќ, загрижени, студени денови и бурни минути, расеаност на мисли во свиок на часови.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)